Burberry продаде лиценца за парфеми на Coty

66

koti

Фото: Facebook

Британскиот производител на луксузна стока, Burberry објави дека ја продаде лиценцата за своите парфеми на американската компанија Coty, којашто треба да помогне во развој на нови нови производи и дистрибутивна мрежа. Овој договор вреди 225 милиони долари, пишува Reuters.

Coty, којашто во своето портфолио ги има брендовите Gucci, Hugo Boss и Calvin Klein ќе плати 160 милиони долари за долгорочната лиценца и дополнителни 63 милиони долари за останатиот имот. Со договорот е предвидено Burberry да го задржи креативниот надзор над парфемите, додека Coty ќе се грижи за дистрибуцијата преку својата глобална мрежа.

Собраните пари ќе помогнат на Burberry да развијат нова линија на козметички производи.