Burger King го отвора првиот ресторан во Хрватска

3

burger king

Популарниот американски синџир за брза храна, Burger King, го отвора својот прв ресторан во Хрватска. Првиот хрватски Burger King  е отворен на одморалиштето Драганиќ – југ покрај автопатот А1, јавува хрватски Индекс.

Првиот Burger King во екот на туристичката сезона е отворен на автопатот меѓу Загреб и Карловац, во насока кон Загреб.

Дозволата за отворање на Burger King ја доби фирмата Marche ресторани. Наскоро се очекува Burger King ќе отвора ресторани и во поголемите градови во Хрватска.

Доаѓањето на Burger King во Хрватска беше најавено минатото лето. Тогаш во јавноста излезе непотврдена информација дека франшизата за отворање на Burger King ја добила словенечката фирма Sportina.