Американскиот ланец на брза храна, Burger King, најави дека се враќа на францускиот пазар, откако во 1997 година ги затвори своите 39 ресторани во Франција поради неисплатливост.
Според пишувањето на Le Figaro, Burger King веќе е во преговори со групата француски ресторани Bertrand.
Во декември минатата година, во соработка со италијанската група ресторани Autogrill, отворен е Burger King на аеродромот во Марсеј, годинава е отворен уште еден на автопатот кон Ремс, а во декемри треба да се отвори ресторан во Париз.
Ланецот Burger King е главен глобален конкурент на McDonald’s и во последните години е во експанзија во Кина, каде што планира во следните пет до седум години да отвори 1.000 ресторани.