Бургер предизвик од шест килограми

5

Локална сендвичарница во Бангкок, Тајланд, стана интернет сензација откако на YouTube се појавија видеа каде луѓе се натпреваруваат кој прв ќе изеде бургер од шест килограми.

Chris Steaks and Burgers дава награда за оној кој ќе успее за девет минути да го изеде овој огромен сендвич од 10.000 калории.

Сендвичарницата дава за секоја калорија по еден тајландски бахт или 10.000 бахти (330 долари), пишува Reutres.

Сопственикот Комдих Консуен се сетил да организира натпревар откако тројца купувачи изеле по еден ваков гигантски сендвич.

“Секој ден доаѓаат нови предизвикувачи“, вели тој.

Бургерот доаѓа во две верзии, говедска која што чини 2.500 бахти (82,75 долари) и свинска по цена од 3.500 бахти (115,86 долари).

Фото: Facebook