Бурниот живот и неславниот крај на креаторот на антивирусот McAfee

134

Креаторот на популарниот компјутерски антивирус, McAfee, Џон Мекафи е пронајден мртво во затвор откако шпанскиот суд дозволи негова екстрадиција, пренесуваат светските медиуми.

Претходно, шпанскиот суд даде дозвола Мекафи да биде екстрадиран во САД каде би му се судело за даночна измама. Тој беше уапсен на аеродром во Барселона во октомври минатата година, а тврдел дека обвиненијата против него се политички мотивирани. Според Обвинителството, Мекафи четири години не поднесувал даночна пријава и покрај тоа што добро заработувал од консултантнски услуги, држење говорои, криптовалути и продажба на правата за својот живот. Ниту еден од приходите не е поврзан со софтверската компанија McAfee што ја основал во 1989 година.

Инаку, Мекафи е роден во 1945-та година, но растел во САД каде што се преселиле неговите родители. Кога Џон имал 15 години, се самоубил неговиот татко, што врз тогаш младото момче оставило длабоки траги.

Во светот на компјутерите влегува во 60-тите години на минатиот век, а од првиот ден почнува со редовно користење дрога.

На почетокот на 70-тите години се сели во Силиконската долина, каде што работи за повеќе компании, меѓу кои и НАСА. До 1983-та година дневно пиел по еден литар жесток пијалак и редовно користел кокаин. Но, таа година решил да побара помо.

Кога во 1986-та година бил регистриран првиот случај на напад на вирус врз компјутер, Мекафи одлучил да отвори своја компанија што ќе го реши тој проблем.

До крајот на 80-тите години, компанијата заработува пет милиони долари годишно, а McAfee антивирусите ги користеле некои од најмоќните компании во светот.

Во 1996-та година продал уделот во компанијата што ја основа, заработил околу 100 милиони долари и продолжил да работи на проекти што на јавноста не ѝ биле познати.

Во 2008-ма година, поради економската криза, од 100 милиони долари, неговото богатство се “топи“ на само четири милиони. Поради тоа, решава да распродаде сè што има и да се пресели во Белизе.

Меѓу јавноста повторно се провлекува неговото име во 2012-та година кога бил убиен негов сосед, а поради сомнение дека тој го сторил делото, е сослушан во полиција. Една година подоцна, повторно ја разбранувал јавноста споделувајќи бизарни видеа.

Фото: Facebook