Busbaar V3 полни електричен автобус за пет до осум минути

66

Busbaar

Шпанската компанијата Opbrid, во партнерство со компанијаа Furrer +Frey го претстави Busbaar V3, револуционерен нов состав за полнење на електрични автомобили што може да наполни еден електричен или хибриден автобус за само пет до осум минути.

Не само што времето на полнење се поклопува со просечното време на траење на паузата за одмор на возачите, туку и редовното полнење во текот на денот ја намалува големината на батеријата, поради што автобусите стануваат полесни и ќе имаат повеќе простор за патниците. Системот може да се прилагоди и за камиони за отпад и слични товарни возила.

Претходната верзија на Busbaar е тестирана во Шведска минатата година, кога било предвидено остварување на заштеда од околу 60% кај хибридните автобуси на компанијата Volvo. Заштедите на горивото на крајот на тестирањето достигнале 81%, додека заштедата на енергија за полнење на батериите изнесувала 61%.

Busbaar се поврзува со батеријата на покривот на возачите и испраќа енергија од 650kW. Системот може да полни и до осум автобуси, со што може да се постигне дополнителна заштеда на енергија и инсталации.