
Постојат денови кога се носат важни деловни одлуки.
И постои еден ден во годината кога оние што ги носат се собираат на едно место.
На 15 октомври, во Македонската филхармонија, Business Leader 2026 ќе собере повеќе од 500 лидери од најуспешните компании во Македонија – сопственици, директори, претприемачи, инвеститори, претставници на институциите и дипломатскиот кор.
Во текот на денот ќе се одржат ексклузивна макроекономска анализа и панел-дискусии со домашни и меѓународни лидери, а вечерта ќе кулминира со свеченото доделување на Business Leader Awards – признанија засновани на официјални финансиски показатели, кои им се доделуваат на компаниите што поставуваат стандарди во македонската економија.
Но Business Leader е повеќе од конференција и повеќе од церемонија на признанија. Тоа е ден кога се среќаваат идеите, успехот и луѓето што ја движат економијата. Ден кога започнуваат разговори што прераснуваат во нови партнерства и можности.
Годинашното издание носи и целосно ново сценско доживување. Организаторите најавуваат спектакуларна продукција, музичко шоу и водител чија појава со години е синоним за најголемите настани во Македонија. Повеќе детали за програмата ќе бидат објавени во наредниот период.
Business Leader 2026 се организира со поддршка на HALKBANK АД Скопје, генерален партнер на настанот.
Настанот останува со ограничен капацитет. Најголемиот дел од местата се резервирани за партнерите, компаниите добитници на признанија, спонзорите, институциите и поканетите гости, додека во јавна продажба е пуштен ограничен број Business Pass билети.
По повод отворањето на продажбата, Business Pass билетите се достапни по Early Bird цена од 99 евра + ДДВ на karti.com.mk и mktickets.mk
Business Leader 2026. Кога лидерството излегува на сцена.














