Бутан ќе добие улици асфалтирани со пластика

88

plasticni sisinja

Бутан осмисли иновативен начин за асфалтирање на улиците со користење на пластичен отпад, пишува Reuters.

Како дел од напорите да се намали употребата на фосилни горива и да се справи со огромниот пластичен отпад, властите на Бутан планираат да ги искористат пластичните шишиња и другиот пластичен отпад за асфалтирање на нивните улици.

Станува збор за проектот “Зелени патишта“, којшто е јавно приватно партнерство.

“Се очекува да се намали увозот на битумен за 40% и да се намали количината на пластичен отпад во земјата за 30 до 40%“, изјави претприемачот Рикеш Гурунг.

Иако само 10% до 15% од мешавината за асфалтирање ќе биде од пластика, се очекува со овој проект да се потроши целокупниот пластичен отпад во таа азиска земја, во која живеат околу 780.000 жители.

“Ќе го користиме пластичниот отпад за еколошки прифатливи и оддржливи улици во земјата“, додаде Гурунг, кој во октомври го заврши пилот проектот за изградба на 150 метри долга улица “од пластика“ во главниот град Тимбу.