BYD близу до одлука за отворање втора фабрика во Европа, во игра Шпанија и Франција

Кинескиот производител на електрични автомобили BYD  е блиску до одлука за отворање на својата втора фабрика за автомобили во Европа, а главни кандидати за новата инвестиција се Шпанија и Франција, изјави специјалниот советник на кинеската компанија за Европа, Алфредо Алтавиља.

Тој на конференција во Франкфурт изјави дека оваа недела тимовите на компанијата осетуваат различни локации и размислуваат да ја преземат фабриката на еден од традиционалните производители на автомобили, пренесува Ројтерс.

Тој изрази сомнежи за конкурентноста на производствените капацитети во Германија, кои, како што изјави, се соочуваат со недоволна искористеност на капацитетите.