
Кога минатата година Илон Маск зборуваше за најголемите конкуренти на пазарот на електрични возила, тој не спомна познати имиња и компании кои вложуваат многу пари во електрификација, како Volkswagen или GM, туку ги издвои конкурентите од Кина. Меѓу бројните производители на е-возила на овој пазар, треба да се издвои BYD, компанија чиј акроним е „Build Your Dreams“.
За многумина кои не се запознаени со состојбата на автомобилската индустрија, подемот на оваа компанија е зачудувачки, а во што се крие тајната на успехот, објасни извршната директорка на компанијата за американскиот пазар Стела Ли. Иако не е достапен во САД, BYD почна да се шири на јужноамериканскиот пазар и неодамна претстави уште еден модел на нивното електрично возило Dolphin во Бразил.
Кинескиот автомобил им дава на клиентите дополнителна вредност во дизајнот на ентериер, иновациите и високата технологија, коментира Ли. Користејќи го примерот на Dolphin, таа објасни зошто BYD стана толку интересен за голем број клиенти, а на овој автомобил ги гледаме и причините зошто кинеската компанија е толку конкурентна во споредба со попознатите автомобилски компании.
Прво, и за многумина најважна е цената. На пример. на мексиканскиот пазар е 31 илјада долари, но како што објасни Ли, кога ќе ја отворите вратата на овој автомобил, јасно е дека не е евтин автомобил. Dolphin доаѓа со некои премиум и високотехнолошки опции како гласовна контрола на прозорци, дигитален клуч, караоке и видео игри може да се играат на неговиот екран. Се напојува со мотор од 70 kW и има батерија од 44,9 kWh, а Ли особено ја нагласува неговата ефикасност, односно малата потрошувачка.
BYD не постигна успех преку ноќ и е резултат на долгогодишни напори и инвестиции во различни технологии, особено технологии за батерии. Кога беше основана, оваа кинеска компанија првично развиваше батерии (сега ги пренесува на други компании како Тесла, Тојота, Киа…), а потоа започна со производство на компоненти за телефони. Според Ли, дури 20 отсто од компонентите на телефонот во светот се произведени од BYD.
На почетокот на оваа година, BYD го престигна Volkswagen и стана водечки производител на автомобили во Кина, а сега имаат слични планови на глобалниот пазар.











