BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

59

Кинеската компанија BYD размислува за локализирано производство на своите електрични автомобили за подобро да му служи на европскиот пазар, откако ќе ги понуди седанот Han, Tang SUV и кросоверот Atto 3 во следните четири месеци на Стариот континент.

Автомобилите моментално се произведуваат во Шенжен, Кина, од каде првично ќе се извезуваат на светските пазари како дел од масовниот план за глобално проширување: Скандинавија, Германија, земјите од Бенелукс, Велика Британија и Израел.

Но, зборувајќи исклучиво за Autocar UK, Брајан Јанг, помошник извршен директор на BYD Europe, рече дека изгледите за локално производство на автомобилот се „интересни“.

„Сериозно размислуваме за некои планови за локализација“, потврди тој.

Запрашан каде BYD би можел да основа производствен погон во Европа, Јанг рече: „Немаме цврст план. Само што почнуваме да учиме, навистина да ги разбираме верувањата на нашите клиенти, и ако сè оди добро и ги изградиме сите основи и структура овде, тоа може да доведе до одредена локализација“.

Тој додаде: „Тоа ќе се прави чекор по чекор“.

BYD се надева дека ќе освои значителен пазарен удел од Tesla во Европа и пристигнува со трио модели внимателно дизајнирани да се спротивстават на почетните модели на американскиот бренд. Но, Tesla има предност во регионот – не само затоа што продава електрични возила во Европа повеќе од една деценија, туку и затоа што сега произведува автомобили во голем обем во новата фабрика во близина на Берлин.

BYD продаде 641.350 „возила so nova енергија“ (NEV) во првата половина на 2022 година – бројка што вклучува ограничен број на plug-in хибриди и водородни возила – во споредба со 564.000 единици на Tesla и планира експоненцијално да го зголеми производството во наредните месеци.

Но, и покрај здравото производство од петте постоечки кинески фабрики, BYD ќе има голема корист од отворањето на европска фабрика, како во намалувањето на времето на испорака за локалните клиенти, така и во намалувањето на трошоците за испорака.

Има можности за истражување и во однос на споделувањето на платформата. BYD веќе соработува со Toyota за развој на електрични возила по пристапни цени за кинескиот пазар, а Јанг рече дека компанијата е „прилично отворена“ да ја понуди својата нова архитектура e-Platform 3.0 за употреба од други производители.

„Ние сме доста отворени за целата индустрија. Можеме да работиме заедно за вистински да го развиеме целиот пазар на електрични возила. Ова е нашата филозофија“, рече Јанг.

  • ОЗНАКИ
  • BYD