CABKOMA Strand Rod – карбонски влакна што штитат од земјотрес

46

carbonski vlakna gradba

Јапонската текстилна лабораторија Komatsu Seiten Fabric создаде нов термопластичен материјал направен од карбонски влакна, пишува Archdaily.

Материјалот, што го носи името CABKOMA Strand Rod, е направен од карбонски влакна прекриени со синтетички влакна и на крајот е обработен со термопластична смола.

karbonski vlakna gradba

CABKOMА Stand Rod, освен што нуди висок естетски изглед, претставува одличен начин на заштита на објектите од земјотрес и тоа благодарение на неговата “деликатна, но силна структура“.

Светски познатиот архитект Кенго Кума, беше првиот кој го проба овој вид на материјал при дизајн на главната канцеларија на Komatsu Seiten.

Овој материјал е и еколошки прифатлив бидејќи е изработен од природни материјали што не ја загадуваат животната средина. Поради неговата флексибилност, CABKOMA Strand Rod е долг 160 метри и тежи околу 12 килограми. За споредба, металните жици, коишто ја имаат истата издржливост, тежат околу пет пати повеќе.

karbonski vlakna 123