Cable Carousel – уред што го решава нередот со каблите

52

cable carousel

Секојдневното користење на мобилен телефон, лап топ или таблет ни го олеснува животот, но каблите и полначите за овие уреди создаваат вистински неред.

Решение за овој проблем нуди американскиот старт – ап Minimael со својот производ Cable Carousel. Може да се постави на било каква вертикална или хоризонтална површина, а во својата внатрешност може да собере од 6 до 8 кабли со стандарден USB приклучок или кабли за светилки.

cable carousel 1

Со овој организатор корисникот ќе го реши нередот со каблите во домот или работната просторија.

Овој старт – ап се појави на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, каде досега доби поддршка од над 3.500 долари, иако првично беа побарани само 1.000 долари.