Campari купува дестилерија од Кентаки за речиси половина милијарда долари

45

Италијанскиот производител на алкохолни пијалоци Campari објави дека се согласил да купи првични 70 отсто од акциите во Wilderness Trail Destillery со седиште во Кентаки за 420 милиони долари.

Соединетите Американски Држави се најголемиот пазар на Campari и се важни за потенцијалното проширување на компанијата, изјави извршниот директор Боб Кунзе-Концевиц за Ројтерс минатата недела, додавајќи дека сака да развие бизнис во сегментот на жестоки пијалаци што треба да стареат подолго во буриња, пренесува Seebiz.

„Со додавањето на брзорастечкиот супер премиум бренд Wilderness Trail, дополнително ја прошируваме и ја подигнуваме категоријата за квалитет на понудата на бурбон, подготвувајќи ја за позицијата на вториот важен столб на групацијата Campari, изјави Концевиц.

Договорот ја вреднува американската дестилерија на 600 милиони долари, што ја прави втора по големина аквизиција за италијанската групација, по купувањето на Гранд Марние во 2016 година.

Според договорот, Campari има опција да ги откупи преостанатите 30 отсто од акциите.

Campari планира да го финансира купувањето со комбинација на готовина и долг.

Wilderness Trail Distillery започна во 2012 година, а оваа година очекува скок на приходите од 39 отсто до 57 милиони долари и основна добивка од 37 милиони долари.