
„Campari Group“ се согласи да го купи „Courvoisier Cognac“ од „Beam Suntory“ за најмалку 1,2 милијарди долари во најновата аквизиција во историјата на италијанскиот производител на алкохолни пијалоци, пишува Bloomberg.
Договорот додава еден од најголемите брендови на коњак во портфолиото на „Campari“. Акциите на „Campari“ паднаа за 5,9% во Милано во петокот, а подоцна се тргуваа со пад од 2,1%.
Купувањето доаѓа во услови на тешки времиња за производителите на коњак. Производителите на францускиот пијалок се соочуваат со намалена побарувачка, особено од американските потрошувачи, по бум за време на пандемијата. „Courvoisier“ на пазарот се натпреварува со „Hennessy“ на „LVMH“ и „Remy Martin“ на „Remy Cointreau“.
„Договорот е прилика која се случува еднаш во животот да се купи една од четирите големи куќи за коњак. Сега е вистинското време во циклусот на коњакот да се случи такво купување“, рече извршниот директор Боб Кунзе-Концевиц во интервју за „Bloomberg“ во петокот.
Следната година побарувачката за коњак ќе се нормализира, рече Кунзе-Концевиц, додавајќи дека компанијата има искуство во купување брендови и нивно реформирање.











