Фото: Inboxlifestyle
Компанијата InBoxLifestyle од Латвија, којашто се занимава со производство модуларни единици за различни намени, ја дизајнираше модуларната куќа за кампување Camping Box. Во модуларната еколошка куќа со површина од девет метри квадратни може да се сместат четири возрасни лица, пишува Inhabitat.
Од компанијата велат дека луѓето кои сакаат да уживаат во природата, Camping Box може да им овозможи кампување како во хотелско сместување. Лесна е за одржување и движење, а направена е од фиберглас и отпорна е на снег и дожд.
Куќата има оддржлив систем за вентилација и греење, а може да биде приклучена на водоводна и канализациона мрежа. За кампување на локации оддалечени од цивилизација може да се активира индивидуално решение за вода и канализација.
Модуларните куќи варираат во зависност од содржината. Во понуда има единици во коишто може да бидат сместени две или четири лица, со купатило и кујна, сауна и џакузи. Цената на куќата за кампување во којашто може да се сместат четири лица изнесува околу 12.000 евра.