CARBEX – минималистички паричник направен од јаглеродни влакна

50

Фото: Kickstarter

Cabrex e супер тенок минималистички паричник направен од карбонски влакна.

Корисникот може да плаќа со платежни картички без да ги вади од паричникот благодарение на вградената RFID технологија. Направен е да собира вкупно 6 картички, а исто така има доживотна гаранција за долготрајност.

Во процесот на дизајнирање е користена термичка техника за составување на деловите, што значи дека е елиминирана потребата од конци и шиење. Секој дел од овој паричник е рачно сечен и составен, а материјалот е исто така отпорен на вода и дамки.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Единбург, Велика Британија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 3. 984 долари од потребните 1.313 долари, а кампањата трае уште 24 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.