Cardiia – мобилна апликација што го следи здравјето на срцето

21

untitled

Фото Indiegogo

Cardiia е мобилна апликација што го следи здравјето на срцето во домашни услови и алармира доколку нешто не е во ред. Апликацијата детектира аритмија заедно со уште неколку срцеви заболувања без потреба од надворешни сензори или уреди. Cardiia ги мери срцевите отчукувања и PPG (волуменот на крвта) со висока прецизност, само со допир на прстот или со скенирање на лицето.

Апликацијата се употребува лесно од комфорот на домот, а доколку детектира аномалии резултатот може да го испратите на вашиот доктор. Работи со Android и iOS оперативни системи и потребни се само 60 секунди за корисникот да го добие својот резултат. Користи техники со видео анализа за да ги измери срцевите отчукувања, притисокот и слично.

Тимот на Cardiia е составен од експерти од САД, Полска, Италија, Албанија и Хрватска. На апликацијата работат ИТ професионалци како и академски истражувачи. Cardiia имаше своја кампања на платформата Indiegogo, каде ги собра потребните средства, а тимот очекува апликацијата да почне да се продава од почетокот на јануари 2018 година.