Шведскиот производител на автомобил, Volvo го претстави Care Key, уред со чијашто помош може да се ограничи брзината на автомобилите.
Целта е да се намали бројот на сообраќајни незгоди, со оглед на тоа дека брзото возење е број еден причина за несреќите на патот. Care Key ќе биде корисен за младите и понеискусни возачи, бидејќи родителите ќе можат да ја ограничат брзината пред да им ги дадат клучевите од возилото.
Уредот ќе доаѓа како стандардна карактеристика на секој модел почнувајќи од 2021 година.
Volvo претходно најави дека од следната година ќе ја ограничи брзината на своите автомобило на 180 километри на час, со цел да укаже на опасноста од брзо возење. Производителот повикува и осигурителни компании да се приклучат со свои специјални понуди кон иницијативата.
Фото: Volvo