Директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов и директорот на А.Д. МЕПСО Синиша Спасов, денес потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка.
“Целта на склучувањето на овој Меморандум е идентификување на специфични подрачја и предмети каде соработката и координацијата помеѓу Царинската управа и А.Д. МЕПСО е од есенцијално значење за спроведување на контролата на увозот, извозот и транзитот на електрична енергија во Република Македонија, при тоа водејќи сметка за принципите за оценка на ризик, барањата и размена на информации помеѓу договорните страни, како и јасно дефинирање на административните и технички процедури за остварување на потребното ниво на соработка и координација”, информираат од Царина.
Со Меморандумот се уредува координацијата и процедурите за соработка помеѓу Царинската управа и МЕПСО при пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, управување со електроенергетскиот систем на Република Македонија и спроведувањето на мерките за царински надзор, царинска контрола и царинењето на електрична енергија.