Царините ѝ донесоа 21 милијарда долари на Америка досега, помалку од очекувањата на Трамп

Соединетите Американски Држави собраа 21 милијарда долари од царини наметнати од претседателот Доналд Трамп од неговата инаугурација на 20 јануари, објави во средата американската Царина и гранична заштита, пренесува CNBC.

Трамп инсистира на тоа дека неговите царини генерираат две милијарди долари дневно за САД, но тоа очигледно не е така.

Според американската Царина и гранична заштита, само од 5 април, САД собираат 500 милиони американски долари дневно како реципрочни тарифи.

Американското Министерство за финансии во понеделникот објасни дека тој ден биле собрани 305 милиони долари од царини.

На почетокот на месецот Трамп најави реципрочни царини за увоз од речиси целиот свет. Подоцна ги ограничи на десет проценти за 90 дена, освен за Кина, за која важат дополнителни царини од 145 проценти.

Фото: Pixabay