Данскиот произведувач на пиво Carlsberg, четврт по големина во светот, купи осум пиварници од кинеската компанија Chongqing Beer Group, со цел да го зголеми присуството на кинескиот пазар.
Трансакцијата, со која Carlsberg стекна мнозинска сопственост од 60% над тие фабрики, е во вредност од 200 милиони евра, а капацитетот на фабриките изнесува 12 милиони хектолитри годишно, стои во соопштението на данската компанија.