Carlsberg по 168 години добива директор странец

25

CarlsbergBeer

Извршниот директор на данската пивара Carlsberg, Јорген Бул Расмусен, заминува во пензија на крајот на оваа година. На негово место ќе седне Кејшет Харт од Холандија, со што ќе се прекрши 168-годишната традиција и на чело на компанијата ќе застане странец, пишува Fortune.com.

Расмусен, кој беше претседател на компанијата од 2007 година, ќе го замени Харт, кој работел како извршен директор во млечната компанија Royal Friesland Campina од 2008 година, а пред тоа бил ангажиран како еден од директорите во секторот на Unilever цели 25 години, каде беше задолжен за пазарите од источна и западна Европа и Азија.

Данскиот производител на пиво ја објави оваа промена истиот ден кога го објави извештајот според кој заработката по акција, како и вкупната продажба на пиво забележа пад, втор пат во последните две години. Овие лоши резултати се предизвикани од падот на побарувачката во Русија и Украина, актуелната гео – политичка криза што ја загрози продажбата, како и неколку клучни конкуренти.