Carlsberg заинтересиран за Белградска индустрија за пиво?

37

carlsbergCarlsbarg група е заинтересирана за купување на Белградска индустрија за пиво (БИП), пишува Блиц.

Според неофицијални информации, Carlsberg би сакал да го купи целото производство, додека на оваа фабрика повеќе би и одговарало да задржи барем еден дел, за да го зачува името БИП.

Иако меѓу дистрибутерите на пиво веќе се зборува дека работата е завршена, од БИП не потврдуваат.

“Сопственичката структура не е сменета, иако сме во разговори со претставници на Carlsberg. Динамиката на разговорот, за сега, не би сакал да ја коментирам”, вели Миливоје Драганиќ, директор на БИП, пишува весникот.