Carnival треба да плати казна од 20 милиони долари за загадување на океаните

26

Фото: Pixabay

Компанијата за организирање крстосувања, Carnival Corp., се согласи да плати казна од 20 милиони долари, бидејќи нејзините договори продолжија со загадување на океаните и покрај претходните пресуди за истото дело, пишува CBS.

Во судската постапка стои дека бродовите на Carnival исфрлиле отпадоци од храна и пластика во океаните и тоа се обиделе да го сокријат.

Компанијата ќе има рок од една недела да ја плати казната, а во нејзината флота ќе биде испратен соодветен инспекциски надзор, а ќе мора да бидат издвоени средства за да се почитува условната казна.

Доколку не ги почитува роковите, Carnival ќе мора да плати дополнителна казна од еден до 10 милиони долари.