Германскиот трговски ланец Billa ќе му ја продаде својата романска подружница на францускиот трговец Carrefour за околу 100 милиони евра ако добие потврда за безбедност од пожари за маркетите. Без тие сертификати, продажната цена ќе падне на 75 милиони евра, пишува wall-street.ro.
Billa во Романија има мрежа од 86 маркети. Првиот маркет во Романија, Billa го отвори во 1999 година.
Француски Carrefour е еден од трите водечки трговски ланци во Романија, со годишен приход над милијарда евра. Првиот маркет во Романија, Carrefour го отвори во 2001 година и во моментов има 29 хипермаркети и 104 супермаркети, во кои работат 9.000 вработени.