Cartier часовник од 250.000 долари

68

luksuz-satovi-nakit-cartier-dizajn (1)Ballon Bleu е една од најпопуларните колекции на познатиот бренд Cartier, а се состои од префинети луксузни часовници.

Тие часовници ги красат рацете на Кејт Мидлтон и останатите членови на британската кралска фамилија.

luksuz-satovi-nakit-cartier-dizajn (4)

Најновото издание од брендот е Serti Vibrant, кој е целосно обложен со светкави дијаманти.

Неговото куќиште е со пречник од 42 мм и е направен од 18 каратно бело злато, декорирано со 201 дијамант. Стрелките се со сина боја, а часовникот има и круна која е обложена со сафири.

luksuz-satovi-nakit-cartier-dizajn (3)

Прекрасниот бројчаник е декориран со 123 совршено избрусени дијаманти, кои се поставени така што сите заедно осцилираат создавајќи еден хипнотизирачки ефект кој досега не е виден на рачен часовник.

Тоа не е се, часовникот Serti Vibrant има и нараквица од родиум, обложена со 18 каратно бело злато и 985 дијаманти. Сите скапоцени камења на часовникот вкупно тежат 15 карати.

luksuz-satovi-nakit-cartier-dizajn-99

Луксузниот часовник ќе биде произведен во 20 парчиња, а секое од нив индивидуално нумерирано по цена од 250.000 долари.