CEED Македонија и Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија објавуваат оглас за регрутирање на практикант

2

oglas

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои функционираат во Југоисточна Европа. Канцеларијата во Македонија започна со работа во 2007 година и денес има вкупно 18 вработени кои работат на дизајн и имплементација на менаџерски, лидерски и програми за личен развој на претприемачите и менаџерите, како и на реализација на различни проекти.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија е 6-годишен проект имплементиран од страна на CEED Македонија со главна цел да го зголеми економскиот раст и да го поттикне креирањето на нови работни места во земјата преку зајакнување на микро претпријатијата и максимизирање на нивното учество во националната економија.

CEED Македонија и Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, објавуваат оглас за регрутирање на

ПРАКТИКАНТ

Целта на практиканството е да овозможи на млада невработена личност можност за 3-6 месечно работно искуство во динамична канцелариска средина. Тој/таа ќе биде менториран на дневна основа и ќе биде ангажиран(а) на оперативни, логистички и програмски активности. Практикантот ќе придонесе кон успешно реализирање на планираните активности и истовремено ќе стекне нови лични знаења и вештини преку спроведување на професионални работни обврски.

Главни одговорности:

  • Поддршка во организирање и спроведување на тренинг активности, состаноци и останати настани;
  • Поддршка во подготовка на материјали за обуки;
  • Ажурирање на бази со податоци;
  • Превод на документи од/на англиски и македонски;
  • По потреба, спроведување на останати програмски и проектни активности.

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Организациски способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијативност и тимски дух
  • Флексибилност за повремено патување и работа на терен

Очекувани квалификации:

  • ВСС од областа на економија, право, новинарство, односи со јавност, технички науки или сродни области;
  • Претходно работно искуство не е потребно
  • Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација
  • Работно користење на компјутер – MS office
  • Пожелно е кандидатите да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа

Сите заинтересирани кандидати може да испратат апликација со професионална биографија на ceed@ceed-macedonia.org со назнака за “Практикант” најдоцна до 25-ти ноември 2016.