Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија објавува оглас за практикант.
Целта на практиканството е да овозможи на млада невработена личност можност за тримесечно работно искуство во динамична канцелариска средина. Тој/таа ќе биде менториран на дневна основа и ќе биде ангажиран(а) на оперативни, логистички и програмски активности. Практикантот ќе придонесе кон успешно реализирање на планираните активности и истовремено ќе стекне нови лични знаења и вештини преку спроведување на професионални работни обврски.
Главни одговорности:
- Поддршка во организирање и спроведување на тренинг активности, состаноци и останати настани;
- Поддршка во подготовка на материјали за обуки;
- Поддршка во изработка на промотивни материјали (брошури, флаери, power point презентации)
- Ажурирање на бази со податоци;
- Превод на документи од/на англиски и македонски;
- Поддршка при маркетинг промоција на социјални медиуми (Facebook, Twitter, LinkedIn, Instagram, Mail Chimp)
- По потреба, спроведување на останати програмски и проектни активности.
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Организациски способности
- Мотивирана и стабилна личност
- Иницијативност и тимски дух
- Флексибилност за повремено патување и работа на терен
Очекувани квалификации:
- ВСС од областа на економија, право, новинарство, односи со јавност, технички науки или сродни области;
- Претходно работно искуство не е потребно;
- Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација;
- Работно користење на компјутер – MS office;
- Основно познавање на програми за обработка на фотографии;
- Основно познавање на програми за дизајнирање на брошури, материјали и newsletters (дизајнирање на Power Point презентации);
- Основно познавање на маркетинг на социјални медиуми (Facebook, Twitter, Instagram LinkedIn);
- Пожелно е кандидатите да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа.
Сите заинтересирани кандидати може да испратат апликација со Професионална биографија на [email protected] со назнака за “Практикант” најдоцна до 31-ви март 2019.
CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на претприемачки центри, со канцеларии во САД, Словенија, Бугарија, Романија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко и Бангладеш. CEED ги поврзува претприемачите креирајќи бизнис можности за нив преку деловно вмрежување и ги инспирира да станат лидери кои ќе придонесат за претприемачкиот екосистем и пошироката заедница.