Cellulite crusher – хеланки со дрвени топчиња за отстранување на целулитот

123

cellulite crusher

Решавајќи го сопствениот проблем, Беба Максимовиќ од Белград го реши проблемот на многу жени ширум светот. Во борбата против целулитот, таа дизајнираше иновативни хеланки – Cellulite crusher, кои со помош на 1.200 зашиени дрвени топчиња го масираат телото и прават целулитот да исчезне, пишува Е- капија.

“Може да се носат по цел ден, додека вежбате, се шетате, возите велосипед, па дури и кога седите. За ефикасно делување неопходно е во овие хеланки да поминете околу еден час дневно“, вели Максимовиќ.

helanki celulit

Веднаш штом се облечат овие хеланки, поради притисокот од дрвените топчиња, ќе се почувствува пецкање. Во текот на било каква физичка активност, поради контракцијата на мускулите, пецкањето се зголемува. Мускулот ги притиска топчињата од долната страна, двојната еластична ликра притиска од горната страна. Ова предизвикува поголема циркулација на крвта, што е најважна за целулитот. Колку е притисокот поголем, толку се зголемува и ефектот од нивното носење.

Подготовките за креирање на ваков вид на облека траеја една година. Производството започна пред година ипол, а може да се купат само on line. Голем број жени од Европа, САД и Кина веќе му објавија војна на целулитот со овој креативен изум на Максимовиќ.

helanki protiv celulit

Цената на овие хеланки е околу 60 евра.