Цена за гинис: Најскапиот коктел на светот

28

Salvatore’s Legacy е името на најскапиот коктел на светот. Салваторе Калебресе, сопственик на Плајбој клуб во Лондон е човекот кој успеа да го создаде најскапиот коктел на светот за кој треба да платите 8.800 долари за една чаша.

За подготовка на овој коктел биле потребни состојки кои датираат уште од времето на француската револуција.

Коктелот содржи четири состојки: Clos de Griffier Vieux Cognac од 1778, ликер Kummel од 1770, Dubb Orange Curacao од 1860 и ликерот Angostura од 1900 година.

Членовите на Гинисовата книга за рекорди моментално се на терен да ја проверат и потврдат вистината за овој коктел, кој доколку е навистина толку скап, тогаш би го симнал од прво место коктелот кој чини 6.000 долари, а се служи во хотелот Burj Al Arab во Дубаи.