Цената на барелот во пораст: Брент и американската нафта утрово во „зелено“

Цените на нафтата се зголемија поради зголемените тензии на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми утрово за 0,49 проценти, на 91,90 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,54 проценти, на 88,70 долари.

Доларот зајакна

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 100,02 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,92 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 160,20 на 160,35 јени.

Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1540 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1545 долари.