Цената на нафтата надмина 62 долари

Цените на нафтата надминаа 61 долар на меѓународните пазари во четврток, а трговците шпекулираа за можните ризици во плановите на САД за снабдување од Венецуела.

На лондонскиот пазар, барелот  утрово се тргува по цена од 62,52 долаи за барел На американскиот пазар, се тргува по цена од 58,25 долари.

Вниманието на трговците оваа недела го привлече американскиот план за продажба на нафта од Венецуела. Американските сили ја нападнаа Венецуела кон крајот на минатата недела и го заробија претседателот Николас Мадуро. Вашингтон објави дека има намера да го изведе венецуелскиот лидер пред суд под обвинение за „наркотероризам“. Мадуро ги отфрли обвинувањата на суд во понеделник, пренесува Хина.

Американскиот претседател Доналд Трамп по нападот изјави дека Вашингтон има намера да „управува“ со Венецуела, нагласувајќи ја продажбата на венецуелска нафта на прво место. Во исто време, Белата куќа сака да ги охрабри домашните енергетски гиганти што е можно поскоро да се вратат во Венецуела и да инвестираат во ревитализација на нејзината инфраструктура со цел да се добијат „украдените“ средства.

Во вторник вечерта, Трамп објави дека постигнал договор со Каракас дека Венецуела ќе испорача до 50 милиони барели нафта на САД. Венецуелската нафтена компанија PDVSA објави во среда дека преговара со САД за продажба на нафта, по „меѓународни цени“, без да прецизира колку нафта треба да испорача.

Венецуелската нафта моментално ја испорачува исклучиво во САД Американ Шеврон, со дозвола од Вашингтон и во партнерство со венецуелска државна компанија.

Досега, Шеврон испорачуваше помеѓу 100.000 и 150.000 венецуелска нафта дневно во САД и е единствената компанија што извезуваше барели од Венецуела под блокадата на САД во последните недели.