
Цените на нафтата на американскиот пазар забележаа раст во саботата наутро, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 71,29 долари, а нафтата од типот Брент 74,49 долари за барел, објави Oil Price.
Веќе во петокот цените на нафтата беа блиску до 74 долари, бидејќи загриженоста за снабдувањето од Русија, по објавувањето на новите санкции на Европската унија (ЕУ), ги надмина проценките за вишок во наредната година.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 39 центи и изнесуваше 73,8 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 47 центи поскапо, по цена од 70,34 долари.
Во втората половина од неделата, трговците беа загрижени од најавата на ЕУ за нови санкции за руската нафта, пренесува Мина.
Во петокот ЕУ се согласи за 15-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина.
„Задоволна сум што е усвоен 15-тиот пакет санкции, чија цел е на прво место руската сива флота“, напиша онлајн X претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фото: Pixabay