Цената на нафтата падна

94

На валутните пазари,  вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна блиску до најниското ниво во една година, бидејќи слабите показатели од американската економија ги зајакнаа шпекулациите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на следната седница.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,50 на 143,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1190 долари, блиску до највисокото ниво во последните 13 месеци, додека вчера во ова време беше 1,1105 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,20 отсто, на 75,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,32 отсто, на 71,30 долари.