Цената на нафтата падна по објавата на Г7 за ослободување на резервите

Цената на меѓународната референтна нафта од типот Брент денес падна на 102,3 долари за барел, додека американската нафта од типот WTI падна на 91,11 долари.

Ова се случи откако членовите на Г7 објавија координирано ослободување на 100 милиони барели нафта и гориво од стратешките резерви, објави „Трејдинг економикс“.

Координираното ослободување на резервите, кое би го надгледувала Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), треба да се спроведе во текот на четири месеци, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.