Цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 99,65 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,70 поени. Истовремено, курсот на американската валута во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,00 на 143,05 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1355 долари, додека вчера во ова време беше 1,1375 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,31 отсто, на 65,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,39 отсто, на 61,75 долари.

Фото: Printscreen