
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,33 поени, додека вчера во ова време беше 97,32 поени. Во исто време, цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1805 на 1,1795 долари.
Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 147,90 јени, додека вчера во ова време беше 147,75 јени.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,18 проценти, на 67,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,22 проценти, на 63,55 долари.











