Цената на нафтата расте втор ден по ред

Цените на суровата нафта на светските берзи пораснаа втор ден по ред.
Загриженоста за испораките откако САД воведоа санкции за рускиот енергетски сектор придонесе за зголемување на цената, бидејќи залихите во САД паднаа повеќе од очекуваното, а прогнозите за глобалната побарувачка за течно злато се подобрија, објави Ројтерс на својата веб-страница.

Барел сирова нафта од 159 литри за испорака во февруари се тргуваше по 80,32 долари попладне по Сингапур, што е за 28 центи повеќе од средата. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март поскапе за 25 центи на 82,28 долари.

Залихите на нафта во САД паднаа минатата недела на најниско ниво од април 2022 година, откако извозот се зголеми и увозот падна, објави во средата американската Администрација за енергетски информации (EIA).

Овој податок има значително влијание врз глобалните залихи на нафта, особено откако САД минатата недела усвоија нови санкции за да ги намалат руските енергетски приходи. Санкциите, меѓу другото, се насочени кон две големи нафтени компании Гаспром Нефт и Сургутнефтегас и 183 танкери.