Цените на путерот, павлаката, сирењето и другите млечни производи во Западна Европа продолжуваат вртоглаво да растат.
Зголемувањата се особено забележливи во Германија, Холандија и Ирска, пишува Агрархеуте.
Според податоците на Европската комисија од 10 ноември, путерот во Германија изнесува 763 евра/100 кг, а во Ирска, каде што значителен дел од путерот се увезува на германскиот пазар, неговата моментална вредност е 782 евра/100 кг.
Во Франција е нешто пониско, 741 €/100 kg.
На европскиот пазар на големо, просечната вредност на путерот изнесуваше 760 евра/100 кг, што претставува благ пораст во однос на претходната сесија.
Истовремено поскапување бележат и останатите млечни производи како сирењата, полномасното млеко во прав и обезмастеното млеко во прав, пренесува Агроклуб.