Цената на среброто скокна за рекордни 60 долари за унца

Цената на среброто вчера скокна над 60 долари за унца, бидејќи најавите за претстојното намалување на каматната стапка од страна на Федералните резерви (ФЕД) за 0,25 проценти ја зголемија побарувачката на пазарот.

Реалните каматни стапки се на линијата што им оди во прилог на благородните метали, иако податоците за зголемувањето на бројот на вработени не даваат вистинска слика за среднорочните економски перспективи, објави денес „Трејдинг економикс“.

Во меѓувреме, индустриската побарувачка за сребро нагло се зголеми, првенствено за потребите на соларни панели, електрични возила и електроника.