Ферари ги зголеми приходите во третиот квартал од 2026 година за седум проценти на речиси 1,9 милијарди евра

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари  објави дека во третиот квартал од 2026 година остварил приходи од 1,89 милијарди евра, што е за седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, односно за 10 проценти повеќе кога ќе се исклучи влијанието на промените на девизниот курс.

Оперативната добивка (EBIT) се зголеми за 12 проценти, на 563 милиони евра, додека маржата на оперативната добивка достигна 29,7 проценти.

EBITDA исто така се зголеми за 12 проценти, на 753 милиони евра, со маржа од 39,7 проценти.