Цената на становите во Љубљана падна за 8%

414

Паѓа цената на недвижнини во Словенија, покажуваат податоците од последниот квартален извештај на словенечката државна геодетска управа (ГУРС). На годишно ниво цените на становите паднале во четири од пет најголеми градови, а поевтини се и канцелариите и локалите. Најголем пад на цените на станови на годишно ниво од 8% е забележан во Љубљана. Пад на цената за квадрат има во Љубљана, Марибор, Крањ и Цеље, а пораст има само во Копер.

Просечната цена на метар квадратен стан во Словенија во третиот квартал годинава изнесувала 1.649 евра, што е за 0,4% помалку отколку во вториот квартал, а 5,1% помалку во однос на третиот квартал минатата година.

Во третиот квартал, цените за метар квадратен изнесувале: во Љубљана 2.321 евра, во Копер 2.387 евра, Крањ 1.660 евра, Марибор 1.132 евра и Цеље 1.214 евра.

Во третиот квартал поевтини се и канцелариските простории. Просечната цена за метар квадратен е 1.210 евра, што е за 14,3% помалку во однос на истиот период лани.