
Вредноста на благородниот метал скокна откако пазарите ја преиспитаа рамнотежата помеѓу оптимистичките податоци за економскиот раст на САД и ублажувањето на геополитичките тензии, објави „Трејдинг економикс“.
И поради неизвесноста на финансиските пазари, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал, па цената на златото се проби над нивото од 4.900 долари за унца за прв пат во историјата.
Слабоста на доларот, исто така, придонесува за порастот на цената на скапоцените метали.
„Слабоста на доларот е последица на губењето на кредибилитетот и престижот на САД. Неколку фактори го поттикнуваат порастот на цената на златото во последно време, а оваа недела главниот двигател е губењето на довербата во САД“, рече Кајл Рода, аналитичар во Capital.com.











