Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, додека на берзите истовремено е забележан раст на цените на нафтата и пченицата и пад на цената на златото. Денеска во 9 часот и 30 минути, индексот DAX на Франкфуртската берза падна на 19.047,25 поени, московскиот MOEX на 2.779,37 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.224,83 поени, а францускиот CAC 40 на 7.521 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.080,37 поени, индексот S&P 500 на 5.751,13 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.182,92 поени. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 74.146 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.910 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.612,16 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6.0015 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09514, што е за приближно 0,22 отсто помалку од вторникот, пренесува Танјуг.