
Цената на златото вчера падна под 4.000 долари за унца, достигнувајќи го најниското ниво од средината на јули, додека вредноста на овој благороден метал ослабе за речиси четири проценти на неделно ниво.
На ова влијаеше порастот на цените на нафтата и очекувањата дека каматните стапки во Соединетите Американски Држави ќе останат на покачено ниво подолго од претходно очекуваното, објавува „Трејдинг економикс“.
Цената на суровата нафта од типот Брент го достигна највисокото ниво за четири години по нападот на јеменските Хути во Саудиска Арабија, што предизвика загриженост за можни понатамошни прекини во снабдувањето со енергија.










