
Хрватска е прва во Европа по раст на цената на виното, која за четири години пораснала за цели 52 отсто, покажуваат податоците на Евростат.
На Кипар виното поскапе за 48 отсто, а во Унгарија за 45 отсто, пренесува хрватски Пословни дневник.
Поширокиот хрватски регион е, се наведува, подрачјето каде најмногу поскапело виното, па на листата се и Словенија и Романија, каде виното во последните четири години поскапело за 32 отсто. Конкретно, се додава, податокот дека цената на виното во Хрватска е зголемена за седум и пол пати повеќе во споредба со просекот на Европската унија, каде што поскапела за седум отсто во периодот меѓу 2020 и 2024 година.
За минатата година сè уште нема податоци, но податоците на Финансиската агенција покажуваат дека хрватските винари имале многу добра година во 2023 година. Претприемачите во индустријата за производство на вино лани оствариле нето добивка од 5,7 милиони евра, што е годишен раст од 141,6 отсто, покажува анализата објавена од Агенцијата „Фина“.