
Цената на бакарот продолжи со силниот раст откако за прв пат надмина 13.000 долари за тон, бидејќи инвеститорите сметаат на ограничена понуда и зголемен апетит за ризик на глобалните финансиски пазари.
Тригодишните фјучерси за бакар на Лондонската берза за метали (LME) пораснаа за дури 3,1 процент на рекордни 13.387,50 долари за тон, надминувајќи го максимумот поставен претходниот ден.
Порастот на цените беше поттикнат од очекувањата дека претседателската администрација на Доналд Трамп би можела да воведе тарифи за рафиниран бакар, што доведе до масовно пренасочување на испораките кон Соединетите Американски Држави, објавува Блумберг.











