Цените на челикот растат поради неизвесноста околу санкциите

Цената на челикот во Америка скокна за повеќе од 15 отсто во последните две недели. Иако тарифите од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум воведени од американскиот претседател Доналд Трамп беа најавени само за 12 март, нивниот ефект веќе влијае на синџирот на снабдување на производителите и градежниците кои зависат од овие метали.

Трамп вети дека ќе ги користи тарифите за поддршка на домашните производители, а исто така гледа дополнителни приходи од тарифите како начин да се надоместат намалените буџетски приливи поради планираните даночни олеснувања, пишува Ројтерс.

Сепак, иако тарифите им помагаат на американските производители на челик да ги зголемат своите цени, тие брзо доведуваат до повисоки трошоци за производителите кои користат челик и алуминиум за производство на фрижидери, автомобили и земјоделски машини.

Цените на челикот во САД драстично се зголемија во последните денови. Цената на топловалениот челик на Средниот Запад порасна за 12 отсто за две недели, достигнувајќи 839 долари за тон, додека севкупно поскапе за 20 отсто откако Трамп дојде на власт, покажуваат податоците на Fastmarkets. За споредба, истиот тип челик само шест години поскапе во северна Европа, додека во источна Кина остана непроменет.

Истражување на консултантската фирма Bain & Co. покажа дека 40 отсто од директорите на компаниите очекуваат двоцифрено зголемување на трошоците поради тарифите, додека 80 отсто размислуваат да ги променат финансиските прогнози за да ги земат предвид дополнителните трошоци.

Леон Топалијан, извршен директор на Nucor, најголемиот американски производител на челик, ги пофали тарифните планови на Трамп, нарекувајќи ги „првите чекори од неговата политика „Америка на прво место“. Нукор минатата недела по четврти пат од почетокот на годината ги зголеми цените на топловалениот челик.