Цените на дизелот во САД достигнаа рекордни шест долари за галон

Цените на дизелот во Америка денес достигнаа рекордни шест долари за галон (околу 3,785 литри) за прв пат во историјата, додека прекините во снабдувањето со гориво предизвикани од војните во Украина и Иран ги зголемуваат трошоците за транспорт низ целата економија.

Камионџиите и земјоделците плаќаат околу 63 проценти повеќе за полнење на своите камиони и трактори во споредба со истиот период минатата година, а националниот просек сега е околу 6,06 долари за галон, објави CNN.

Цените се уште повисоки во Калифорнија, најголемата земјоделска држава во САД, на 7,98 долари за галон.